Меѓународниот турнир „ПРИЛЕП ОПЕН – 2018“ ќе се одржи на 21.10.2018 во Прилеп, во организација на џудо клубот „Пролетер“.
Се замолуваат клубовите да го испочитуваат крајниот рок за електронско пријавување на натпреварувачите – 17.10.2018 г., како и сатницата за пристигнување – 08,00 ч. Официјално мерење пред натпреварот е 08,30-09,30 ч.
Клубовите кои ќе земат учество на тренинг кампот во истите листи да ги пријават своите натпреварувачи со назначена возраст и килограми.
-Програма на меѓународниот турнир „Прилеп опен 2018“
-Пријава во машка конкуренција
-Пријава во женска конкуренција