Спортисти – џудо натпреварувачи, поведени од начелото на транспарентност во работењето , ве известувамe и воедно ве покануваме да аплицирате на објавениот конкурс на Агенција за млади и спорт во категорија спортист – „Спортска надеж“.
Право на аплицирање имаат сите спортисти – членови на џудо клубовите од Федерацијата кои уредно се регистрирани во Регистерот на ЏФСМ за 2020 година, при тоа да се на возраст до 20 години, односно спортистот до 31 август 2020 година да не наполнил 20 години.
Потребно е заинтересираните спортисти апликациите преку своите матични клубови да ги доставт во електронска форма на е-маил : office@judo.org.mk најдоцна до ( понеделник) 20 јули 2020 година, до 12 часот.
Потребни документи и податоци:
1. Прашалник – Образец П-1 ( индивидуални спортови), ( во електронска форма)
2. Копија од документ за лична идентификација (лична карта, пасош од апликантот, односно копија од Извод од матична книга на родени за спортистот и копија од личен документ за идентификација на родител или старател), ( во електронска форма)
Напомена: Податоците што се внесуваат во Прашалникот треба да се однесуваат за периодот од 1 септември 2019 до 20 јули 2020 година за национални натпревари, како и резултати од меѓународни натпревари кои се наоѓаат на официјален календар на меѓународните спортски асоцијации: светски првенства, светски купови, европски првенства, европски купови и балкански првенства.
Воедно се известуваат сите џудо клубови од Џудо федерацијата дополнително да ги информираат своите спортисти со содржината на ова известување и при тоа комплетираните апликации во електронска и печатена форма да ги достават до канцеларијата на Федерацијата во споменатиот рок.
Пристигнатите апликации откако ќе бидат разгледани од спортскиот директор и Стручниот совет, за истите ќе биде изготвена ранг листа која што по одобрување на Извршниот одбор ќе биде јавно објавена на официјалната веб страна на Федерацијата и истата ќе се проследи до Агенција за млади и спорт за конечно одлучување.
Прашалник – Образец П1 (за стипендии за индивидуални спортови 2020-2021)