Министерството за спорт со голема финансиска поддршка за Џудо Федерацијата на Македонија.
После оддржаната работна средба на претседателот на ЏФМ г-дин Владимир Трпаноски и министерот за спорт г-дин Борко Ристовски на која се разговараше за клучни работи поврзани со џудо спортот, со задоволство можеме да објавиме дека истата вроди со плод.
Министерството за Спорт во своите највисоки приоритети го става џудото кој е најраспространет боречки спорт во светски рамки и котира како еден од најпрактикуваните спортови на Олимписките Игри и силно ќе застане во поддршка со голема финансиска помош директно до Џудо Федерацијата на Македонија како и директна финансиска помош за напредни талентирани џудисти.
Оваа заложба на министерството е од круцијално значење за џудо спортот во Македонија и ќе даде дополнителен стимул за уште поголем развој на овој олимписки спорт.
Во оваа прилика сакаме да изразиме голема благодарност до министерството и министерот Борко Ристовски за безрезервната поддршка а ние како федерација со сигурност ќе ја оправдаме довербата.