🥋Денес 7 -ми август започнаа завршните подготовки на нашата јуниорска репрезентација за претстојниот Европски Јуниорски куп Скопје 2024. Стручните лица во координација со целокупниот стручен штаб последните три дена пред натпреварот ќе ги искористат за техничко тактичка припрема на репрезентативците кај кои владее одлична атмосфера и засега сите се во одлична форма за престојниот натпревар. Се надеваме дека некои од нашите репрезентативци оваа година ќе не израдуваат со европски медал на домашна сцена. Дополнително ќе влијае и поддршката на публиката,и годинава се надеваме и на првиот медал.
Им посакуваме успешни завршни подготовки, поволен ждреб и успешен настап на сите наши претставници!!!!#judomacedonia 🇲🇰