Кочани беше домаќин на Државното екипно првенство во џудо за сениори и сениорки што го организираше Џудо федерацијата на Македонија, со техничка поддршка од кочанскиот џудо клуб ”Гладијатор”.
Право на учество на државното превенсвто имаа џудисти и џудистки родени 2003 година и постари, а кои се регистрирани во Федерацијата за оваа година.
Пред почетокот од натпреварот, присутните спортисти и други гости ги поздрави градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој искажа задоволство што општина Кочани за првпат е домаќин на едно џудо првенство од државен ранг, при што упати честитки до организаторите, со надеж дека овој спорт и понатаму ќе напредува во регионот.
На првенството настапија 7 екипи, од кои 4 во машка и три во женска конкуренција, при што апсолутен победник и во двете е ЏК „Миоки“ од Скопје. Второто место го освоија џудистите и џудистките од екипата на „Суперџудо“ од Скопје, а третото место во машка конкуренција го поделија прилепските „Пролетер“ и „Сеишин“, како и домаќинот „Гладијатор“. Во женска конкуренција пак, трети беа џудистките на „Сенсеи“ од Радовиш.
Иако меѓу најмладите во Македонија, ЏК „Гладијатор“ од Кочани се покажа како одличен организатор на Државното првенство, за што признание дојде и од ЏФМ.