На 26.01.2025 во Битола, во организација на ЏфСМ со техничка поддршка од ЏК Пелистер-Битола во Будо Центарот ПЕЛИСТЕР- Битола се одржа полагање за 1 Кју ( кафеав) и Дан Појаси ( црн 1 и 2 Дан).
Полагањето беше спроведено согласно правилникот за работа на Дан Комисијата, при што испитот го водеа следните членови на Дан комисија:
1. Ѓуро Илиќ 7-ми Дан – Претседател
2. Киро Здравески 6 -ти Дан, член;
3. Славе Димитриоски 6-ти Дан, член;
4. Дејан Мицкоски 4 -ти Дан; член.
Согласно резултатите 18 кандидати се стекнаа со повисоки степени појаси и тоа 10 со кафеав појас 1 КЈУ, 7 црн 1 дан и 1 црн 2 Дан.
ЏфСМ им честита на сите џудисти и им посакува понатамошни успеси.#judomacedonia