Нов успех постигна македонскиот репрезентативец Хамза Јашари на Европското кадетско првенство.
Македонскиот репрезентативец во џудо, Хамза Јашари го освои бронзениот медал на Европското првенство во џудо за кадети што од 28 јуни до 1 јули се одржува во Сараево, Република Босна и Херцеговина.
Големиот успех во категоријата до 66 килограми Јашари го најави со победите над Хоменко од Латвија и против домашниот фаворит Даријан Фалетар.
По тешка и исцрпувачка борба, Пења Инсаусти од Шпанија, кој на крајот заврши како втор, му го нанесе единствениот пораз на Јашари.
Нашиот репрезентативец својата победничка серија ја продолжи со триумфите над Букатару од Романија, Демирел од Турција и со победата над германскиот репрезентативец Денис Мауер.
На Европското првенство во Сараево боите на Македонија ги бранеа и Резарт Хусени и Еди Шерифовски во категориите до 60, односно до 73 килограми.