Одличен настап на нашите репрезентативци на Балканското Првенство за Млади сениори до 23, Бронзен медал за Македонија освои Сергеј Димитриоски, 5то место за Лилјана Недановска и Ива Богдановска
Нашите репрезентативци имаа забележителен настап на првиот ден од Балканското Првенство за Млади сениори до 23 години кое се одржа во Пеќ -Косово
Сергеј Димитриоскиво во категорија до 60 кг. беше поуспешен од репрезентативците на Црна Гора и Босна и Херцеговина. Лилјана Недановска и Ива Богдановска беа на чекор до медал, загубија во малото финале за освојување на бронзениот медал.
Забележителен настап имаше и Никола Магдески кој не успеа да стигне до борба за медал.
Утре ќе настапат двете наши репрезентативки Кристина Мантароска и Катерина Ацевска, како и натпреварите на нашата репрезентација во екипна микс тим конкуренција.🇲🇰🥋#judomacedonia