Во заедничка акција за пошумување во атарот на манастирот Света Петка во с.Лениште, Прилеп членовите на Интернационална Полициска Асоцијација Македонија, Регион Прилеп и Џудо Клуб Сеишин Прилеп во недела, 27ми март ќе посадат околу 2000 багремови садници.

Со цел за зачувување на животната средина, организаторите на акцијата планираат истата да стане традиционална и од отворен карактер за сите љубители на природата да можат да се вклучат во истата. Почетокот на акцијата е закажан за во 9 часот, а за сите заинтересирани е обезбеден превоз од пред Домот на културата Марко Цепенков Прилеп во 08.30 часот. Секој учесник е должен да си понесе соодветен алат за садење.

По завршувањето на акцијата планирано е заедничко дружење и ручек во Манастирот Света Петка с.Лениште на сите кои ќе се приклучат на оваа акција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *