Денес во Скопје, се одржа Државното Првенство за деца и кадети-ки .Присутните ги поздрави преставникот од тех.организатор ЏК Карпош џудо-мастер Скопје,а додека Државното Првенство официјално беше прогласено за отворено од страна на генералниот секретар на ЏФСМ г-дин. Благоја Гешоски.На државното првенство бевме сведоци на прикажани одлични борби,а љубителите на џудото присутни во салата посебно уживаа во одлично прикажаните борби од најмалите(категорија деца).ЏФСМ тука не застанува со организирање на натпревари,а посебно за потсетување на јавноста годинава не очекуваат големи настани Европско Првенство за Кадети-ки,Европски купови за Јуниори и сениори и младинските олимписки игри.#judomacedonia