Со објавување на десетина тематски текстови од областа на практичната психолошка припрема во џудо спортот на сајтот на џудо федерацијата на Македонија, Комората на психолози и Џудо Федерацијата на Македонија од утре, 18ти декември заеднички ќе ги одбележат Деновите на психологијата кои годинава ќе се оддржуваат под пораката Еден за сите, сите за еден!

Сите текстови се од едукативен карактер и се наменети за подготовка на сите учесници во џудо спортот, па така освен за натпреварувачите, овие текстови се наменети и за тренерите, судиите, но и за оние кои никогаш не се занимавале со џудо. Меѓу темите кои што ќе бидат опфатени се „Лични придобивки од вежбање на џудо“, „Темпирање на формата кај елитни џудисти“, „Вовед во натпреварувачка иницијација“, „Инспирација и мотивација во борбеното џудо“…

За да се зголеми едукативноста, членовите на Комората на психолози ги охрабруваат сите читатели да ги постават своите прашања и нејаснотии во врска со сите теми кои што ќе бидат разработени во коментар на објавите на социјалните мрежи, а тие во најбрз можен рок ќе им одговорат на истите. Дополнително, од Комората на психолози најавуваат дека овој проект ќе има и свој практичен дел кој ќе се оддржи по завршувањето на пандемијата со Kovid-19.