Европско првенство за сениори/ки Подгорица – Црна Гора, 23-27.04.2025
Нашите репрезентативци Еди Шерифовски и Никола Павловски ќе настапат на Европското Првенство за сениори/ки кое се одржува од 23 до 27 април 2025 во Подгорица – Црна Гора. Репрезентативците на Македонија ги предводи селекторот Горан Мицкоски.
На ова Европско првенство за сениори/ки учествуваат 414 натпреварувачи од 47 земји.
На програмата денес со почеток од 10:30 часот во категоријата до -81 кг. Еди Шерифовски во првото коло се сретнува со Мехамед Коч од Турција, додека во категоријата до -100 кг. Никола Павловски во сабота во првото коло се сретнува со Александар Кукољ од Србија.
Им посакуваме успех на Шерифовски и Павловски на Европското првенство.#judomacedonia