Во Будва Црна Гора под покровителство на ЕЏУ се одржува тридневен европски детски џудо камп. На кампот присутни се над 250 деца од 20 држави меѓу кои Македонија партиципира со 7 џудисти предводени од стручните лица и џудо тренери Дејан Мицкоски и Филип Макаловски. На самиот почеток од кампот присутните ги поздрави г-дин Нино Делгадо комесар за деца од ЕЏУ и истиот ги охрабри децата да се поздравуваат на нивниот мајчин јазик на тој начин воспоставувајки културна размена. На кампот им се обрати и Кристина Пекола потпретседател на ЕЏУ посакувајќи им успешен престој на детскиот камп а истовремено и присуство на Европското Првенство за Сениори-ки во Подгорица, како би им дале подршка на нивните репрезентативци. Џудо кампот започна со практични вежби за изведба на џудо кати кој дел беше предводен од Моника Пиреда комесар за кати од ЕЏУ. Додека пак во делот од џудо техниките презентација одржи тројната олимпијка и светска бронзена медалистка Лариса Цериќ со начини на изведба не нејзини омилени техники.
ЏФМ им посакува успешен престој на нашите џудисти на кампот и достојно презентирање на македонското џудо.#judomacedonia