Џудо федерацијата на Македонија и Факултетот за физичко образование потпишаа меморандум за соработка

Џудо Федерацијата на Северна Македонија и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје потпишаа Меморандум за соработка преку кој ќе се даде научна поддршка за реализација на развојната програма на федерација. Со научната и експертска поддршка од Факултетот ќе се овозможи едукација на кадрите, како и подигање на нивото на знаење и вештини кај членството на Федерацијата.

“Дел од развојната програм на Федерацијата е вклучување на институции и стручни лица од повеќе области кои можат да помогнат во развојот и унапредувањето на џудото во Македонија, и тој план започнува да се реализиран токму со овој Меморандум, како прв и многу значаен чекор. Џудото како спорт има перспектива во Македонија и работата на Федерацијата само ги потврдува капацитетите, кои што треба да ги стимулираме и да создадеме простор за уште поголема експанзија. Преку оваа соработка со Факултетот за физичко образование, нашето членство ќе добие значајна помош и стручна поддршка”, изјави Владимир Трпаноски, претседател на Џудо федерацијата на Северна Македонија.

За исполнување на целите на соработката, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе изготвува и реализира истражувачки проекти поврзани со џудо спортот, како и тестирања за антрополошкиот статус на џудистите од различни возрасни категории со препораки за подобрување на нивниот развој. Токму тоа ќе даде голем придонес во институционализирање и професионализирање на џудото како спорт.

“Унапредувањето на џудо културата и спортот во Македонија е од големо значење за секого, пред се заради големиот интерес и потенцијал што постои во Македонија. Федерацијата прави многу за популаризација на овој спорт и тоа преку едукацијата за џудото, па токму во таа насока е и оваа соработка, само подигнато на повисоко ниво”, истакна проф. д-р Ленче Алексовска Величковска, Декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Џудо федерацијата упати барање до Комисијата за здравство за насоки во врска со тренинзите во сала

Џудо федерацијата испрати прашања  до Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со барање за конкретни насоки во врска со почеток на тренажните активности на џудо клубовите во сала и добивање на протоколи за одржување на истите.

До добивање на конкретни  одговори, насоки и препораки од страна на Комисијата за заразни болести, апелираме да се придржувате кон актуелните препораки од страна на Владата и Министерството за здравство,

Клубовите кои веќе одржуваат или планираат да започнат со тренинзи на отворено треба да ги почитуваат протоколите и одлуките донесени од страна на владата, за одржување на тренажните активности исклучително на отворен простор.

Линк со препораките за одржување на тренинзи на отворено:

Протокол за тренинг на спортисти во поединечни спортови

Клубовите се должни во целост да ги почитуваат препораките и протоколите за одржување на тренинзи на отворено, да ги обезбедат сите неопходни реквизити и максимално да внимаваат на здравјето на спортистите.

Напомена: Клубовите кои обавуваат тренажни активности на отворено задолжително до Џудо федерацијата да испратат Распоред на одржување на тренинзите со точно време и место каде ги одржуваат тренинзите заради можност на контрола од страна на комисиите, а согласно протоколите.

Во моментот кога ќе има нови информации од страна на федерацијата ќе бидете навремено информирани.

Линкови каде можете да ги следите сите информации:

https://koronavirus.gov.mk/

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

https://vlada.mk/covid19

https://vlada.mk/sednici

Повик за пријавување на конкурсот на Агенцијата за млади и спорт за добивање стипендија за спортист – спортска надеж

Спортисти – џудо натпреварувачи, поведени од начелото на транспарентност во работењето ,  ве известувамe и воедно ве покануваме да аплицирате на објавениот конкурс на Агенција за млади и спорт во категорија спортист – „Спортска надеж“.

Право на аплицирање имаат сите спортисти – членови на џудо клубовите од Федерацијата кои уредно се регистрирани во Регистерот на ЏФСМ за 2020 година, при тоа да се на возраст до 20 години, односно спортистот до 31 август 2020 година да не наполнил 20 години.

Потребно е заинтересираните спортисти апликациите преку своите матични клубови да ги доставт  во електронска форма на е-маил :  office@judo.org.mk најдоцна до ( понеделник) 20 јули 2020 година, до 12 часот.

Потребни документи и податоци:

1. Прашалник – Образец П-1 ( индивидуални спортови), ( во електронска форма)
2. Копија од документ за лична идентификација (лична карта, пасош од апликантот, односно копија од Извод од матична книга на родени за спортистот и копија од личен документ за идентификација на родител или старател), ( во електронска форма)

Напомена: Податоците што се внесуваат во Прашалникот треба да се однесуваат за периодот од 1 септември 2019 до 20 јули 2020 година за национални натпревари, како и резултати од меѓународни натпревари кои се наоѓаат на официјален календар на меѓународните спортски асоцијации: светски првенства, светски купови, европски првенства, европски купови и балкански првенства.

Воедно се известуваат сите џудо клубови  од Џудо федерацијата  дополнително да ги информираат своите спортисти со содржината на ова известување и при тоа комплетираните апликации во електронска и печатена форма да ги достават до канцеларијата на Федерацијата во споменатиот рок.

Пристигнатите апликации откако ќе бидат разгледани од спортскиот директор и Стручниот совет, за истите ќе биде изготвена ранг листа која што  по одобрување на Извршниот одбор ќе биде јавно објавена на официјалната веб страна на Федерацијата и истата ќе се проследи до Агенција за млади и спорт за конечно одлучување.

Прашалник – Образец П1 (за стипендии за индивидуални спортови 2020-2021)

Можност за џудистите продуктивно да го искористат времето

Во овој период на неизвесност, Интернациналниот олимписки комитет (IOC) и Airbnb ги лансираат Airbnb Olympian и Paralympian Online Experience, давајќи им на спортистите можност да заработат пари, да направат продуктивно користење на своето време и да ги подобрат своите деловни и комуникациски вештини преку поврзување со луѓе од целиот свет.

Џудистите кои се заинтересирани за оваа иницијатива можат да се регистрираат на следниот линк:  Athlete 365

Џудистите кои сакаат да учествуваат можат да ги запознаат со џудо спортот, сите почетници или гости без претходно искуство, истовремено промовирајќи ги џудото и неговите вредности.

Дополнителни информации во врска со иницијативата може да се добијат од приложениот документ:

OLYMPIAN & PARALYMPIAN EXPERIENCES WITH THE IOC & AIRBNB

 

Мрежна платформа за тренирање на Меѓународната џудо федерација

Меѓународната џудо федерација (IJF) лансираше мрежна платформа, IJF FIT, со цел на целата џудо заедница да понуди можност да тренираат, да влезат во форма и да се предизвикуваат на сите нивоа.

IJF FIT се состои од низа динамични и оригинални фитнес предизвици изведени од шампиони во џудо, поттикнувајќи ги сите спортисти да учествуваат и да се натпреваруваат со себе, со пријателите или со спортистите на сите возрасти ширум целиот свет.

Платформата можете да ја најдете на следниот линк:
ARE YOU JUDO FIT?

Ве замолуваме да ја промовирате оваа здрава иницијатива во рамките на вашите џудо клубови, со што ве повикуваме сите активно да се вклучите и да се натпреварувате.

Aлатка за видео анализа и колекција на видеа за едукација „IJF Video“

Во моментов, ние како Комисија за едукација и лиценцирање на џудо тренери ги анализираме проектите на EJU и IJF со цел да видиме што може да се подобри, промени, за да се олесни работата на тренерот.

Целта е да им помогнеме на нашите тренери во џудо, да се едуцираат и преку гледање на видео презентации, видео анализи, видео записи од натпревари и видео тренинзи од висок ранг.

Денес ви испраќаме информација за да се запознаете со оваа алатка за видео анализа и колекција на видеа за едукација, ви предлагаме да започнете со користење на апликација „IJF Video“, за која се надеваме дека ќе биде од големо значење за вас во иднина.

Аликацијата можете да ја најдете на:

https://play.google.com/store

https://www.apple.com/ios/app-store/

Лиценцирани џудо тренери за 2020 година

Во рамки на своите годишни активности Комисијата за едукација и лиценцирање го подготви списокот на тренери кои до 29.02.2020 година се стекнале со лиценци, а кои ќе бидат со важност за 2020 година.

Број

Име и презиме:

Број на лиценца

Категорија

1.

Славе Димитријоски

001

Џудо тренер специјалист

2.

Дејан Мицкоски

002

Џудо тренер А

3.

Горан Мицкоски

005

Џудо тренер професор по спортот

4.

Рубин Пеески

008

Спортски џудо учител

5.

Александар Димитријоски

009

Спортски џудо учител

6.

Драган Шекероски

010

Спортски џудо учител

7.

Александар Фузевски

011

Џудо тренер Б

8.

Ѓорѓија Стојанов

012

Џудо тренер А

9.

Марин Билјаноски

013

Џудо тренер Б

10.

Игор Паскоски

014

Џудо тренер професор по спортот

11.

Марјан Колев

015

Спортски џудо учител

12.

Нада Ристов

020

Џудо тренер А

13.

Александар Ѓорѓиоски

023

Џудо тренер А

14.

Петар Ристески

024

Спортски џудо учител

15.

Сашко Ангелов

025

Спортски џудо учител

16.

Ердал Факиќ

026

Спортски џудо учител

17.

Киро Здравески

029

Спортски џудо учител

18.

Маке Спиркоски

032

Спортски џудо учител

19.

Јове Паскоски

034

Спортски џудо учител

20.

Мики Чадамов

036

Спортски џудо учител

21.

Марио Тошески

037

Спортски џудо учител

22.

Игор Димитријоски

039

Џудо тренер Б

23.

Амра Фејзула

041

Спортски џудо учител

24.

Артан Рушити

043

Спортски џудо учител

25.

Берна Шерифовска

044

Спортски џудо учител

26.

Вера Шекероска

045

Спортски џудо учител

27.

Филип Макалоски

046

Спортски џудо учител

28.

Александра Најдоска

049

Спортски џудо учител

29.

Менде Илијоски

050

Спортски џудо учител

30.

Омер Сулејмани

051

Спортски џудо учител

31.

Никола Божиновски

052

Спортски џудо учител

32.

Јованка Лазарова

053

Спортски џудо учител

33.

Маја Бобан

054

Спортски џудо учител

34.

Миодраг Стојановиќ

055

Спортски џудо учител

35.

Стефан Бојаџиев

056

Спортски џудо учител

36.

Благојче Митрески

057

Спортски џудо учител

37.

Трајче Марков

058

Џудо тренер Б

38.

Марио Цинцароски

059

Спортски џудо учител

39.

Борче Неданоски

060

Спортски џудо учител

40.

Слаџан Ристов

061

Џудо тренер Б

 

Известување од ЏФМ до клубовите за Уредбата за финансиска поддршка

Џудо федерацијата на Македонија ги известува клубовите членки дека Aгенцијата за млади и спорт, согласно своите права и надлежности во однос на спроведување на донесената УРЕДБА за ​финансиска поддршка за спортисти, стручни лица и спортска администрација за време на траењето на вонредна состојба, бара навремено да биде искористено правото за финансиска подршка.

Во прилог ви ја испраќаме Уредбата  и  сите потребни информации и обрасци.

Ве молиме, ЗАДОЛЖИТЕЛНО при  поднесување на вашата документација во архивата на Федерацијата, да поднесете и пропратно писмо во кое ќе ги наведете документите кои се приложуваат.

Почитувани, согласно одредбите ве молиме да го почитувате рокот за понесување на документите и истите да ги доставите најдоцна до 15.04.2020 година до 15.00 часот.

Доколку имате било каква потреба ве молиме да не се двоумите и да се обратите до нас.

Уредба за финансиска поддршка објавена во Службен весник

Упатство за користење на Уредбата за финансиска поддршка

ИЗЈАВА

Барање за финансиска поддршка

Барање и изјава за финансиска помош 2020

 

ЏК „Сеишин“ од Прилеп им помага на ветераните над 65-годишна возраст

Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп во периодот кога се спроведуваат посебни мерки и ограничувања на движење поради епидемијата на коронавирусот, организира соодветна акција за своите најстари членови – ветерани над 65-годишна возраст. Тоа се луѓе на кои сега им е најпотребна помош од помладите, затоа што тие би можеле да бидат најпогодени и за нив важат поригорозни мерки.

Претставници од клубот ги посетија нивните домови и им врачија пакети со  заштитна опрема (маски и ракавици), средства за дезинфекција, како и витамински суплементи и напитоци.

Младите членови на ЏК „Сеишин“ исто така се на располагање на овие лица за да им набавуваат неопходни намирници или лекови, а со цел да не ги напуштаат своите домови.

Џудо клубот „Сеишин“ оваа акција ја реализира на клупско ниво по примерот на Џудо федерацијата на Србија која деновиве интензивно е насочена кон помош на своите џудо ветерани!

Мотото на акцијата е: „Децата се иднината на џудото, ветераните се бесценето искуство на џудото!“