Холанѓаните Бен и Линда со велосипеди го обиколуваат светот и за секој поминат километар од спонзорите добиваат по 1 евро, а парите потоа ги наменуваат во хуманитарни цели. Меѓу другото, во помошта тие го вклучија и џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп, за кој набавија 25 џудо кимона.

За нивната мисија во светот тие објавуваат постови на блог порталот Xplorid што го уредуваат, па таква статија има и за соработката со „Сеишин“. За возврат, како благодарност од клубот за помошта, амблемот на Xplorid е пришиен на кимоната.

Во прилог е линкот од статијата во која подетално ја објаснуваат идејата да му помогнат на нашиот џудо клуб: World aid project: North Macedonia – Judo Club Seishin

Исто така, на својот Youtube канал , Бен и Линда поставија и кратко видео за овој настан: World Bicycle Tour – Aid project North Macedonia – Judo Club Seishin Prilep