Иако пандемијата не ни овозможи да го одбележиме како што доликува, се чини дека никогаш подобро отколку годинава не сме го сватиле значењето на интернационалниот Ден на спортот за развој и мир.

Денес, 6 април 2021 година, по нешто повеќе од една година од почетокот на пандемијата сите сме и повеќе од свесни колку многу ни недостасува спортот во нашите животи, во развојот, не само спортскиот и индивидуалниот, туку и во општествениот, економскиот. Од друга страна, спортот уште од праисторијата па се до денес бил причина многу војни да бидат запрени и завршени, војни кои сакаме да ги снема како и корона вирусот.

Како и да е, се надеваме дека веќе следниот 6ти април ќе бидеме на татамите, и како годините претходно, од таму ќе ја пренесеме нашата порака до сите спортисти, спортски работници и вљуебини во спортот и на наш начин ќе го честитаме Интернационалниот ден на спортот за развој и мир.