Канадскиот национален џудо тим на последните големи натпревари има исклучителен напредок. Само на светското првенство во Токио ова година освоија еден златен и еден бронзен медал, а редовно се освојуваат медали и на Grand Slam I Grand Prix турнирите низ светот. Еве некои препораки кои канаѓаните ги користат во припремата на своите елитни џудисти.

За да ги поддржат младите спортисти и нивните тренери во нивната психолошка подготовка и ментална обука, потребни се индивидуалини совети. Нивната цел е да им помогнат да управуваат со менталната страна на нивното џудо за да направат максимизирање на нивните резултати, да го добиете најдоброто од нивниот тренинг и да ги реализираат амбициите.

Индивидуални совети и поддршка се дадени од советникот за психологија, Ребека Тандариќ, џудо мајстор 3-ти Дан. Според препораките на Канадскиот совет за спортска психологија во џудо спортот, може да помогне во следниве области:

1. самодоверба

2. мотивација

3. соочување со негативени влијанија

4. соочување со негативни емоции

5. соочување со очекувани стравови

6. контрола на движење

7. соочување со сомневање во своите способности

8. соочување со социјална вознемиреност

9. управување со стресот

10. вежби за концентрација

11. фокус и обука за подигнување на свеста

12. справување со неуспех

13. именување и постигнување на целите

14. справување со вознемиреност (особено пред конкуренција)

15. развој на рутина за конкуренција управување со времето

16. техники за учење кои можат да помогнати во училиштето и колеџот

17. справување со стрес

18. помош со решавање на проблеми и донесување одлуки

19. селфактуелизација на однесување

20. напредок на спортската кариера

21. помош при управување со транзиција

Работата која Ребека ја препорачува е процес од 3 чекори:

1. Проценка на почетните потреби

2. Програма за ментални вештини

3. Напредок и следење на напредокот

Почетна проценка вклучува анализа на тековните ментални способности на спортистот. Оваа работа е многу индивидуална затоа што секој спортист е на различно ниво и има различни, специфични потреби. Почетна проценка на потребите вклучува некои тестови за психолошко профилирање и 30-минутно интервју. Сегашната технологија дозволува и работа преку Skype или viber.

 

Припремил Јован Велески , член на Лекарската Комисија на ЏФМ
(овој текст е во рамките на програмата за одбележување на Деновите на психологијата кои годинава ќе се оддржуваат под пораката Еден за сите, сите за еден!)