Согласно предлогот на спортскиот директор на џудо федерацијата, Ѓорѓи Стојанов и позитивното мислење на стручниот совет, Извршниот одбор по електронски пат гласаше и едногласно ги реизбра селекторите на националните селекции:

-Селектор за пионери Проф. Александар Фузевски
-Селектор за кадети Проф. Игор Димитријски
-Селектор за јуниори м-р Горан Мицкоски
-Селектор за сениори м-р Игор Паскоски
-Селектор за ветерани Киро Здравески

На испразнетото место селектор за помлади пионери согласно предлогот на спортскиот директор и позитивното мислење на стручниот совет, Извршниот одбор по електронски пат гласаше и едногласно го избра Проф. Трајче Марков за нов селектор.

На испразнетото место Член на стручен совет согласно предлогот на спортскиот директор, Извршниот одбор по електронски пат гласаше и едногласно го избра Вонр. проф. д-р Александар Ацески за нов член.

На членот на стручниот совет и селекторите им честитаме за изборот и им посакуваме услех во работата.