Битолчанецот Ѓуро Илиќ, тренер и член на ЏК „Пелистер“ е промовиран во џудо мајстор шести ДАН, со што се стекна со највисоко мајсторско звање во нашата држава.

Промоцијата на звањето на Илиќ беше направена на полагањето за мајсторски појаси што во Белград го организираше Џудо сојузот на Србија, а го  оценуваше стручен ДАН колегиум предводен од д-р Славко Обадов.

Според Илиќ, добивањето на високото мајсторско звање требало да се случи многу порано, но поради обврски било одложувано.

Се работи за големо признание за неговата досегашна работа како тренер и основач на повеќе џудо клубови во Македонија, но истовремено е и голема придобивка за нашата Џудо федерација.