По повод Светскиот ден на џудото во организација на џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп, на 28 октомври се одржа настан со кој пригодно беше одбележан овој голем џудо празник.

Под мотото „Заедно посилни” ги покани другите два градски клуба, ЏК „Санкаку“ и ЏК „Прилеп“ на заеднички празничен тренинг и прослава. Покрај нив, на покана на „Сеишин“ присуствуваа и џудо ветераните од Прилеп на чело со претседателот на Иницијативниот одбор на џудо ветерани и селектор на Ветеранската селекција на Македонија, Киро Здравески.
Присутните ги поздравија претставниците од сите клубови, а  учесници добија официјална диплома за учество издадена од Интернационалната џудо федерација.
Настанот беше организиран на отворено, во паркот „Могила на непобедените“ во Прилеп, согласно актуелните протоколи за заштита од Ковид-19.