Управниот одбор на Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп на седницата одржана на 01.10.2020 година донесе одлука да се одложи одржувањето на 12.  Меѓународен традиционален турнир во џудо „Прилеп – град херој 2020″ што беше закажан за 11.10.2020 година, и истиот е влезен во календарот на ЏФРСМ.

Турнирот се одложува поради моменталната состојба со Ковид-19, актуелните мерки кои се на сила во нашата држава (гранични премини, забрани за јавни собири во затворен простор,  забрана за спортски активности во џудо спортот во затворен простор и слично).

Џудо клубот „Сеишин“ оваа одлука ја донесе со надеж дека состојбата што поскоро ќе заврши и повторно џудистите ќе се вратат на татамите, а овој турнир ќе се врати во стариот сјај, со уште повеќе џудисти и големи џудо имиња како и досега.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *