„Климатски шампион“ е насловот на најновиот онлајн предизвик кој деновиве официјално го најави претседателот на Интернационалната џудо федерација, господинот Мариус Визер. Испраќајќи порака до целата џудо заедница, господинот Визер верува дека реализацијата на сите предизвици кои се во рамките на овој проект ќе придонесат за почиста и побезбедна планета за сите нас.

„Следејќи ја иницијативата на Great8 и Златната лига JudoFit Kids што се одржа минатата година, ИЏФ гордо го најавува својот нов иновативен онлајн натпревар за целата џудо заедница, наречен „Климатски шампион“. На овој натпревар, ги покануваме децата, родителите, клубовите, националните федерации и континенталните федерации од целиот свет да ја посетат нашата платформа https://fit.ijf.org и да кликнат на Климатски шампион, и да ги реализираат нашите предизвици. Со реализација на активностите ќе придонесеме за почиста и побезбедна планета за сите нас. Со учество во овие предизвици, членовите на нашата џудо заедница можат да поставуваат цели, да заработуваат зелени трофеи, зелени картони, и изненадувања со пораки од нашите шампиони и климатски амбасадори“ – се вели во дописот на претседателот Визер.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *