Во саботата, на 8 февруари, во организација на ДАН комисијата при Џудо федерацијата на Македонија, а со техничка поддршка од џудо клубот „Пелистер“ од Битола,  се одржа полагање за 1 КЈУ кафеав појас- кандидат мајсторски  и за 1 ДАН црн појас – мајсторски.

Полагањето го спроведе комисијата во чиј состав беа Ѓуро Илиќ, како претседател и Дејан Мицкоски и Нада Ристов, како членови.

На полагањето беа пријавени вкупно 13 кандидати, од кои 6 за 1 КЈУ појас и 7 кандидати за 1 ДАН појас.

По спроведувањето на полагањето, Комисијата донесе одлука и ги објави имињата на кандидатите кои положиле за соодветните појаси:

1 ДАН

  1. Јорданчо Ѓорѓиоски
  2. Благојче Митрески
  3. Марин Билјановски
  4. Борче Ангелов
  5. Трајче Марков
  6. Омер Сулејмани
  7. Дурим Шаќири

1 КЈУ 

  1. Бојан Синадиноски
  2. Андреј Вељаноски
  3. Христијан Глигороски
  4. Андреј Чакаровски
  5. Марио Нелоски
  6. Резарт Хусени

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *