Почетна

СЕ ОДРЖА СЕМИНАР ЗА ЛИЦЕНЦИ ЗА ТРЕНЕРИ

13.12.2018

Во рамките на своите годишни активности, Џудо федерацијата на Македонија и годинава организираше семинар за стекнување лиценци за тренери, што ќе бидат со важност во претстојната 2019 година.

На семинарот што во неделата, 9 декември, се одржа на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје, беа опфатени повеќе теми, со цел да се зајакнат капацитетите на тренерите во повеќе области.

На темата „Периодизација со акцент на преоден и подготвителен период“ зборуваше проф. д-р Жарко Костовски, д-р Ели Ханџиска и доцент д-р Зоран Ханџиски. Тие, како членови на националната  антидопинг комисија при Агенцијата за млади и спорт, ги споделија најновите информации на темите „Допинг и процедури во допингот“ и „Суплементација и допинг“.

На завршниот дел од семинарот имаше теоретски и практични обуки за мерење и тестирање во џудо спортот, што ги водеа проф. д-р Жарко Костовски и м-р Горан Мицкоски.

На крајот од семинарот на сите тренери кои беа дел од истиот им беа доделени сертификати за учество, додека лиценците за работа во џудото во наредната 2019 година ќе им бидат доделени дополнително, на свеченост што ќе ја организира Џудо федерација на Македонија.

 

 

ОДБЕЛЕЖАН  СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЏУДОТО

28.10.2018

По повод 28 Октомври – Светскиот ден на џудо спортот и роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано, денеска во Скопје се одржа свечено одбележување на истиот.
На овој настан, покрај претставниците на телата и органите на Џудо федерацијата на Македонија, присуствуваа околу 200 џудисти од клубовите од Македонија, претставници од Агенцијата за млади и спорт, Македонскиот олимписки комитет, министерот за образование, посебниот советник за спорт во кабинетот на Претседателот на Владата на РМ, како и претставници на неколку амбасади, меѓу кои и амбасадорите на Русија и Јапонија.

На овој настан џудистите ги презентираа своите вештини пред присутните, а особен интерес предизвика презентацијата на џудо катата Наге Но Ката од страна на ветераните од џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп, Киро Здравески и Маке Спиркоски.

Џудо федерацијата на Македонија додели плакети, признанија, дипломи и благодарници за учество и посебен придонес во џудо спортот на поголем број правни, физички лица, како и спортски работници.

извор: Инфокомпас

 

 

 

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЏФМ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКАТА ЏУДО ФЕДЕРАЦИЈА

17.09.2018

На 15 септември во Софија, Бугарија, претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Зеглул Реџепи се сретна со претседателот на Европската џудо федерација, Сергеј Соловејчук. На средбата се разговараше за повеќе прашања за џудото и неговиот развој во регионот, особено во Македонија.

За време на средбата, се истакна зголемената соработка помеѓу Џудо федерацијата на Македонија и Европската џудо федерација (European judo federation), при што беа потенцирани новозапочнатите проекти, како што се џудо во клубови, џудо во семејство, џудо во училишта и џудо во полицијата.

Претседателот на ЏФМ, Реџепи побара помош од Европската џудо федерација за натамошен развој на џудото кај нас, особено за талентираните спортисти кои се иднината на овој спорт. Притоа претседателот на ЕЏФ изрази подготвеност на Македонија да и се додели организација на Европското првенство, а на талентираните спортисти да им се помогне со различни кампови наменети за подобрување на нивната подготвеност.

За време на средбата двајцата претседатели се согласија дека е неопходно наскоро ЏФМ да делегира и свои претставници на работилници што ги организира Европската џудо федерација. Овие семинари се одржуваат со одредени намени, при што членови на џудо федерациите се обучуваат за иницирање и реализација на различни проекти, односно со примена на истата обука да се организираат големи настани како што се Европски куп и Европско првенство.

 

 

 

ПРИЈАВИ И ПРОПОЗИЦИИ ЗА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР “ПРИЛЕП – ГРАД ХЕРОЈ 2018”

Пропозиции за турнир во Прилеп 2018

Пријава за учество машки 2018

Пријава за учество – женски

 

 

Прочитај повеќе…

 

 

МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ ИЏФ КОНТИНЕНТАЛЕН СУДИЈА




25.07.2018

Џудо судијата Катерина Николоска ја доби високата ИЏФ лиценца (IJF Continental licence) за континентален судија.

Николоска успешно ги мина теоретските и практичните испити кои беа дел од судискиот испит што од 20 до 22 јули се оддржа во рамки на Јуниорскиот куп во Прага, Република Чешка.

Успехот е од особена важност и за Македонската Џудо Федерација и македонското џудо, и е потврда на систематската работа и инвестирање во сите сегменти за развој на џудото.

Николоска е втор македонски судија, и прва жена која стигнува до оваа лиценца. Освен неа, лиценцата да ја претставува Македонија и македонското џудо во светски рамки ја има и судијата Томе Јосифоски.




Покрај Николоска, ИЏФ судискиот испит кој го спроведе ЕЏУ, а го оценуваше тим составен од џудо работници од Белгија, Италија, Русија, Чешка и Франција, успешно го положија 34 судии со оценка 5,5.

 

 

 

 

РАНГ ЛИСТ ЗА СПОРТИСТ – СПОРТСКА НАДЕЖ

20.07.2018

Денеска Стручниот совет во состав проф.д-р Жарко Костовски, проф д-р Фадиљ Реџепи и Александар Димитријоски одржа редовен состанок на кој покрај другите точки од дневниот ред се расправаше и за категоријата спортист – спортска надеж.

Ве известуваме дека по однос на оваа точка Стручниот совет утврди дека пријавени кандидати за добивање на категоријата спортист – спортска надеж се вкупно 38. Во согласност со добиените апликации и направеното рангирање беше изготвена и ранг листа.

Ранг листата беше изготвена од постигнувањата на спортистите во периодот 01.09.2017 до 15.07.2018 година на државните првенства за пионери, кадети и јуниори, балканските првенства за сениори, јуниори, кадети и пионери, европските купови и европските првенства.

Ве известуваме дека ранг листата ќе биде доставена до Извршниот одбор на Федерацијата на усвојување и доставена до Агенцијата за млади и спорт.

Ранг листата може да се види ОВДЕ.

 

 

 

 

 

08.07.2018

Серијата успешни настапи на македонските џудисти на балканските шампионати ја продолжија и пионерките Борјана Поп Атанасова и Лилјана Недановска.

На првенството што викендов се оддржа во Никшиќ, Република Црна Гора, Борјана Поп Атанасова на доминантен начин стигна до шампионскиот наслов во категоријата +63 килограми.

Лилјана Недановска немаше среќа во финалната борба во категоријата до 57 килограми, па мораше да се задоволи со сребрен медал.

Со македонските репрезентативци во Никшиќ е и претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Зегљуљ Реџепи.

Македонскиот репрезентативец во џудо, Хамза Јашари го освои бронзениот медал на Европското првенство во џудо за кадети што од 28 јуни до 1 јули се одржува во Сараево, Република Босна и Херцеговина.

Големиот успех во категоријата до 66 килограми Јашари го најави со победите над Хоменко од Латвија и против домашниот фаворит Даријан Фалетар.

По тешка и исцрпувачка борба, Пења Инсаусти од Шпанија, кој на крајот заврши како втор, му го нанесе единствениот пораз на Јашари.

Нашиот репрезентативец својата победничка серија ја продолжи со триумфите над Букатару од Романија, Демирел од Турција и со победата над германскиот репрезентативец Денис Мауер.

На Европското првенство во Сараево боите на Македонија ги бранеа и Резарт Хусени и Еди Шерифовски во категориите до 60, односно до 73 килограми.

 

УЧИЛИШЕН СПОРТСКИ КАМП 2018 ВО ОХРИД

28.06.2018

Известување за Училишен спортски камп 2018

Список на учесници на кампот

Согласност од родител за учество на кампот

 

ЏУДО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ 2018 ВО ШПАНИЈА

20.08.2018

Џудо федерацијата на Македонија на 29.03.2018 година има пријавено учесници кои ќе земат учество на Медитеранските игри.
Игрите ќе се одржат во Тарагона, Шпанија од 25 – 30 јуни, а нашата репрезентација ќе патува во следниот состав:
– Горан Мицкоски, селектор
– Томе Јосифоски, судија/IJF Continental
– Арбреша Реџепи, натпреварувач жени

– Артан Рушити, натпреварувач мажи

На Медитеранските игри ќе настапат 165 натпреварувачи, од кои 94 во машка и 71 во женска конкуренција од 24 земји учеснички. Настапот на нашите репрезентативци е од 27 – 29 јуни.

Резултатитите и борбите на нашите репрезентативци може да ги следите на www.ippon.tv и www.ippon.org

 

 

ПРОПОЗИЦИИ И ПРИЈАВИ ЗА УЧЕСТВО НА УЧИЛИШНОТО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СКОПЈЕ

14.06.2018

Пропозиции за Училишното државно првенство во џудо 2018

Пријава во машка конкуренција

Пријава во женска конкуренција

Пријавувањето трае до 21 јуни 2018 г. на admin@judo.org.mk

 

 

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ЏУДО КАМП ВО ПРИЛЕП

Џудо клубот СЕИШИН – Прилеп во соработка со Џудо клубот ЏУНС- Нови Сад, Република Србија организира Џудо камп за помлади пионери/ки (2006/07) и пионери/ки (2004/05).   Со оглед на просторот во спортската сала каде што ќе се одржува овој настан сите заинтересирани клубови ќе може да партиципираат со најмногу 4 натпреварувачи/ки и еден тренер. 

Џудо кампот ќе се одржи во Прилеп, во спортската сала на ООУ „Кочо Рацин“ в сабота, 16. јуни (утрински и попладневен тренинг) и  в недела, 17. јуни (утрински тренинг). 

Клубовите организатори ќе обезбедат благодарници за учество , а кампот ќе биде предводен од проф.  д-р Славко Обадов, 9 дан-степен и Мирољуб  Мичиќ, 6 дан-степен. 

Учеството на кампот е БЕСПЛАТНО. 

Сите заинтересирани клубови најдоцна до среда 13.06.2018, 12 часот да испратат податоци со учесници (исклучиво од неведените старосни категории) на овој камп со следните податоци:  име и презиме, година на раѓање, носител на степен појас. Веднаш потоа ќе биде испратена точната сатница за тренизите на кампот.

контакт мејл: judoclubseishin@yahoo.com

 

 

ПРОПОЗИЦИИ И ПРИЈАВИ ЗА УЧЕСТВО НА ДРЖАВНОТО ПИОНЕРСКО И ЈУНИОРСКО ПРВЕНСТВО ВО БИТОЛА

28.05.2018

Пропозиции за Државното првенство во џудо за пионери/ки 2018

Пријава за пионери

Пријава за пионерки

Пропозиции за Државното првенство во џудо за јуниори/ки 2018

Пријава за јуниори

Пријава за јуниорки

Пријавувањето трае до 7 јуни 2018 г.

 

 

ПРОПОЗИЦИИ И ПРИЈАВИ ЗА УЧЕСТВО НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ЗА ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ И КАДЕТИ ВО ПРИЛЕП

20.05.2018 

Пропозиции за Државното првенство во џудо за помлади пионери/ки 2018

Пријава за помлади пионери

Пријава за помлади пионерки

Пропозиции за Државното првенство во џудо за кадети/ки 2018

Пријава за кадети

Пријава за кадетки

ПРИЕМ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ

25.04.2018  Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт,  Дарко Каевски го прими тимот предводен од спортскиот директор Игор Паскоски и натпреварувачите на Џудо Федерацијата на Македонија, Берна Шерифовска, Хамза Јашари и Борче Ангелов и ИЏФ експертот Габриел Сапта.

Повод за приемот беше успехот на нашите репрезентативци на континенталниот куп во Тунис, на кој Хамза Јашари го освои сребрениот медал, а Берна Шерифовска бронзениот медал во својата категорија.

Директорот Каевски им честиташе за постигнатите резултати, го поздрави напредокот на џудо спортот во Македонија и им посака понатамошни успеси.

 

 

МЕЃУНАРОДНАТА ЏУДО ФЕДЕРАЦИЈА СО СИЛНА ПОДДРШКА НА ЏФМ

Меѓународната џудо федерација (IJF) ќе и додели проект на Џудо Федерацијата на Македонија (ЏФМ) насловен како “Џудо во школите во Македонија” што подразбира донација од IJF до ЏФМ од 10 борилишта (татами), 500 џудо-ги (кимона за џудо) и паричен надомест за 10 тренери во период од една година.

Претседателот на ЏФМ, Филип Иванов со претседателот на IJF, Мариус Визер
Претседателот на ЏФМ, Филип Иванов со претседателот на IJF, Мариус Визер

На 25.02.2018 година во текот на Џудо Гранд Слем турнирот во Диселдорф, Германија, на кој настапи светската елита во овој спорт, претседателот на Џудо Федерацијата на Македонија (ЏФМ) Филип Иванов имаше работен состанок со претседателот на Меѓународната Џудо Федерација (IJF) Мариус Визер на кој беа разменети мислења и  идеи за развој на џудо спортот во Македонија.

Иванов информираше за актуелните состојби во џудо спортот во Македонија, за плановите за работа на новото  раководство на ЏФМ, како и за првичните чекори што  се преземени по изборот.  Посебен акцент беше даден на зголемување на транспарентноста во работењето на федерацијата, отворањето на новата веб страница на ЏФМ www.judo.org.mk   и плановите за што поширока медиумска покриеност. Стана збор и за изработката на стратегија за комуникација со јавноста, плановите за обуки на кадри, вклучување на спонзори и искористување на законските олеснувања при искористување на данокот од добивка за финансирање во спортот, отпочнување со работа на комисиите во рамките на ЏФМ, како и за отпочнување на подготовка на предлози за проекти поддржани од национални и меѓународни институции, чија имплементација ќе значи импулс во развојот на џудо спортот во Македонија.

Исто така, Иванов се осврна на одредени предизвици во функционирањето на ЏФМ и укажа на важноста од вклучувањето на сите џудо клубови во Македонија во работата на федерацијата и телата на истата, како и неговата решеност да даде поддршка на сите предлози и идеи кои се во интерес на напредокот на овој спорт, без разлика од каде доаѓаат. Дополнително, претседателот на ЏФМ ја истакна одличната соработка со Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) и даде посебен акцент на финансиската и логистичката поддршка што оваа организација ја дава за развој на џудото во земјава, вклучувајќи ја и поддршката на потенцијалните кандидати за настап на Олимписките игри со финансиски средства, стручна помош, медицинска нега и се` останато во насока на постигнување на врвни резултати.

Иванов ја искористи оваа прилика да ја искаже својата благодарност до IJF и нејзиниот претседател Визер за несебичната поддршка што ја даваат за развој џудото во Македонија. Тој истакна дека бројните донации на опрема како и стручната поддршка од страна на IJF, значително придонесоа за извонредните резултати кои нашите џудисти ги постигнуваат во последно време. Овие резултати особено доаѓаат до израз по номинацијата и отпочнувањето со работа на Грабриел Сапта, инструктор на IJF кој веќе втора година работи со македонските врвни џудисти и нивните тренери. На работната средба беше изразена надеж дека оваа соработка ќе продолжи и дополнително ќе се интензивира, како и дека истата ќе овозможи постигнување на врвни резултати на меѓународните натпревари што следуваат.

Од своја страна пак, Визер го искажа своето задоволство од ваквиот напредок, ја истакна својата поддршка на новото раководство на ЏФМ и рече дека IJF ќе и го додели проектот  “Џудо во школите во Македонија”, што подразбира донација од IJF до ЏФМ од 10 борилишта (татами), 500 џудо-ги (кимона за џудо) и паричен надомест за 10 тренери во период од една година. За таа цел, од страна на IJF до ЏФМ е доставен меморандум за соработка кој ќе треба да го потпишат IJF, ЏФМ, МОК и Министерство за образование и наука (МОН).

Овој проект ќе преставува силен импулс во развојот на џудото во Македонија затоа што ќе овозможи негова дисперзија низ целата земја, вклучување на 500 деца во тренажен процес без никаков надомест и подготовка на 10 тренери кои воедно ќе имаат шанса да ги користат искуствата и знаењето на локални и меѓународни обучувачи од оваа област.

Исто така, Визер препорача дека Македонската џудо федерација треба да стави посебен акцент на соработка со соседните џудо федерации од аспект на обезбедување на заеднички тренинг и спаринг на македонските џудисти со џудисти од соседството и дека Македонија треба да направи напор да организира поголем меѓународен натпревар со што би се влијаело за зголемување на популарноста на овој спорт во земјава и дека IJF е подготвена да и даде поддршка на ЏФМ и во таа насока.

 

 

 

ПРВО ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКИ КУП

Хамза Јашари (-66 кг) го освои историскиот златен медал за Македонија на еден Европски џудо куп за кадети. Јашари триумфираше на Европскиот куп во Гиор во Унгарија по пет одлични борби.

Во финалето го совлада Матео Цук од Германија со вазари, а до финалето стигна со победите над Гергели Габор од Романија со вазaри и ипон, со два вазарија и ипон против Германецот Дан Матушовиц, со вазари и ипон го порази Шандор Оскаи од Унгарија и во полуфиналето славеше против Италијанецот Луиги Чентракио со два вазари и ипон.

 

 

За ЏФМ

ЗЕЉУЛ РЕЏЕПИ ИЗБРАН ЗА НОВ претседател на ЏУДО ФЕДЕРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

На вонредно изборно собрание на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ), Зељул Реџепи ја доби довербата на мнозинство делегати во наредниот период да ја води Федерацијата.

Во саботата, на 05 мај 2018 година во Прилеп се оддржа вонредно собрание на Џудо федерацијата на Македонија на кое присутните делегати му изгласаа недоверба на претседателот Филип Иванов, а по гласањето за прв човек на федерацијата беше назначен  Зељул Реџепи.

Во продолжение, беа назначени и членовите на останатите тела на Федерацијата.

На претседателот Реџепи и сите избрани членови им беше посакано успешно реализирање на сите проекти за развој и промоција на македонското џудо.

 

Филип Иванов – претседател на ЏУДО ФЕДЕРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

На Изборното собрание на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ), Филип Иванов ја доби довербата на мнозинство делегати и во четиригодишниот мандат ќе ја води Федерацијата.

Иванов е поранешен џудист на „Пелистер“ од Битола, во периодот од 1976 до 1985 година, каде што тренира кај мајсторот Ѓуро Илиќ. Потоа, поради обврски со студирањето ја менува средината и доаѓа во Скопје, но една повреда во 1985 година го оддалечува од татамито, односно од натпреварувањата.

Сепак, останува да се занимава со џудото, а пред изборот за претседател на ЏФМ е прв човек на ЏК „Миоки“ од Скопје, за што вели:

„Бев претседател на „Миоки“ во периодот кога ги постигнавме најголемите успеси во историјата на македонското џудо. Тоа ме поттикна да се канидирам за претседател на ЏФМ, како и унапредувањето на соработката со претседателот на Меѓународната џудо федерација и самата Федерација. Сознанието дека во Македонија има една генерација која е подготвена за врвни достигнувања и која ќе биде мотив за наредните генерации да ги надминат нивните успеси, дополнително ме мотивираше“.

Претседателот на ЏФМ како прва цел си го поставил зголемувањето на популарноста на џудото во Македонија.

„Ова мораме да го направиме, затоа што џудото во нашата земја го нема статусот како некои други спортови. Тоа заслужува да биде повеќе експонирано во медиумите и препознатливо меѓу луѓето,  бидејќи влијае врз комплетниот психофизички развој на една личност. Една од основните цели е отворање на веб-страница на Федерацијата. Потоа, изработка и реализација на ПР стратегија чија основна цел е зголемување на присутноста на џудото во спортските медиуми. Од друга страна, ќе гледаме да привелечеме што повеќе спонзори, за да се озбезбедат средства, и со оние од Агенцијата за млади и спорт (АМС) што ги добива нашата Федерација, ќе овозможат реализација на плановите за работа на ЏФМ“.

Во овој момент во нашата држава има млада и перспективна генерација која може да оствари добри резултати на меѓународен план, но тоа нема да може да се реализира без концепција на ЏФМ.

„Затоа ја спомнав програмата за работа. Таа ги содржи сите неопходни елементи за продолжување на нагорната линија на успеси на македонската репрезентација, но и нивната работа во матичните клубови. Ова подразбира заедничка стручна подготовка и работа со соодветните структури на ЏФМ. Вака концепираните работи ни даваат верба дека успесите од претходните години ќе бидат надминати. Ова посебно важи за кадетската и јуниорската селекција“.

Во овој момент во Македонија нема лига-натпреварување, затоа едно од прашањата кои се наметнуваат на ова раководство е дали ќе се воведе џудо лига.

„Првата година од моето претседателствување ќе биде посветена и на детална анализа за потенцијалот и можностите за формирање на лига, како еден од предусловите за постигнување на врвни резултати“.

Олимписките игри во Рио 2016 година влегоа во историјата на македонското џудо, бидејќи за прв пат настапи македонски џудист, Катерина Николоска. Таа  го обезбеди учеството преку вајлд карта. За овој циклус за ОИ во Токио 2020 Арбреша Реџепи користи олимписка стипендија. Сепак, вистинското прашање е дали за ОИ во Париз 2024 година нашите џудисти можат по регуларен пат да оставрат норми, па и да освојат медал, бидејќи имаме талентирана генерацаија која бара внимание.

„Да, ќе имаме! Во соработка со Македонскиот олимписки комитет (МОК) добивме една олимписка стипендија и сметам дека Арбреша е сериозен кандидат за ОИ во Токио“.

Се чини дека на ЏФМ и недостасува и поголем стручен кадар, затоа и стручното усовршување би било неопходно за успесите.

„Дел од програмата предивидува и стручно усовршување (џудо работилници, семинари) за тренери и судии, кои се составен дел на џудото. Во соработка со IJFи EJF ќе ги испраќаме и ќе организираме семинари, тренинзи, кампови и други видови на обуки. Ќе испраќаме тренери на курсеви што ги организираат овие институции на светско ниво. Една од најважните работи на едукацијата е и зголемувањето на транспарентноста на работата на стручните тела преку споделување на сите информации кои што стигнуваат од ЏФМ“.

Од една страна ЏФМ не може да се пофали дека во изминатиов период имаше добри односи меѓу чинителите на џудо спортот во нашата земја. Сигурно, дека оваа состојба не е помалку значајна од останатите и нејзино елиминирање.

„Примарна работа што ќе ја направам е да ги посетам сите клубови и со УО преку рагзовор да видиме кои се причините за негативното однесување. Ќе имаме практика на седниците на УО да присуствуваат и претседателите на клубовите, што се вклопува во моите планови за потранспарентно работење. А со дружење на луѓето да се надминат претходните негативни искуства. Се разбира, овој начин на работа подразбира поддршка и желба за соработка од сите засеганти страни, инаку се би било бессмислено. Во оваа прилика јавно ги поканувам сите заинтересирани да се вклучат во работата на ЏФМ. Една од задачите е и зголемување на членството, како во светски рамки“.

Новости

Известување од ДАН комисијата

-Известување од ДАН комисија –Правилник за работа на ДАН комисијата –Програма за полагање ДАН -Програма за полагање KJY -ПРИЈАВА ЗА ПОЛАГАЊЕ ЗА КАФЕАВ ПОЈАС – СТЕПЕН  1 КЈУ -ПРИЈАВА ЗА ПОЛАГАЊЕ ЗА ЖОЛТ (5),  ПОРТОКАЛОВ (4), ЗЕЛЕН (3), СИН (2) ПОЈАС -ПРИЈАВА ЗА ПОЛАГАЊЕ МАЈСТОРСКИ ПОЈАС – СТЕПЕН ДАН  

Контакт