Во Прилеп се полагаше за ученички појаси

Во средата, 26. декември, во техничка организација на џудо клубот „Сеишин “од Прилеп се одржа полагање за ученички појаси .

Џудо клубовите „Сеишин“ и „Гладијатор“ спроведоа заедничко полагање за појаси согласно новата програма и новиот правилник за работа на  Дан комисијата при Џудо федерацијата на Македонија.

Полагањето го спроведе тричлена стручна комисија,  а регуларноста ја следеше претставник од Дан комисиjaта.

Во Кочани се одржа Државното екипно првенство во сениорска конкуренција

Кочани беше домаќин на Државното екипно првенство во џудо за сениори и сениорки што го организираше Џудо федерацијата на Македонија, со техничка поддршка од кочанскиот џудо клуб ”Гладијатор”.

Право на учество на државното превенсвто имаа џудисти и џудистки родени 2003 година и постари, а кои се регистрирани во Федерацијата за оваа година.

Пред почетокот од натпреварот, присутните спортисти и други гости ги поздрави градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој искажа задоволство што општина Кочани за првпат е домаќин на едно џудо првенство од државен ранг, при што упати честитки до организаторите, со надеж дека овој спорт и понатаму ќе напредува во регионот.

На првенството настапија 7 екипи, од кои 4 во машка и три во женска конкуренција, при што апсолутен победник и во двете е ЏК „Миоки“ од Скопје. Второто место го освоија џудистите и џудистките од екипата на „Суперџудо“ од Скопје, а третото место во машка конкуренција го поделија прилепските „Пролетер“ и „Сеишин“, како и домаќинот „Гладијатор“. Во женска конкуренција пак, трети беа џудистките на „Сенсеи“ од Радовиш.

Иако меѓу најмладите во Македонија, ЏК „Гладијатор“ од Кочани се покажа како одличен организатор на Државното првенство, за што признание дојде и од ЏФМ.

 

 

 

Известување од ДАН комисијата

-Известување од ДАН комисија

Правилник за работа на ДАН комисијата

Програма за полагање ДАН

-Програма за полагање KJY

-ПРИЈАВА ЗА ПОЛАГАЊЕ ЗА КАФЕАВ ПОЈАС – СТЕПЕН  1 КЈУ

-ПРИЈАВА ЗА ПОЛАГАЊЕ ЗА ЖОЛТ (5),  ПОРТОКАЛОВ (4), ЗЕЛЕН (3), СИН (2) ПОЈАС

-ПРИЈАВА ЗА ПОЛАГАЊЕ МАЈСТОРСКИ ПОЈАС – СТЕПЕН ДАН

 

ПРОПОЗИЦИИ ЗА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ЏУДО ЗА СЕНИОРИ, СЕНИОРКИ И ДЕЦА 2018

ПОКАНА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЏФМ ПО ПОВОД ПРОСЛАВАТА НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЏУДОТО

Почитувани пријатели,

Џудо Федерацијата на Македонија осма година по ред активно ќе биде дел од глобалното одбележување на Светскиот ден на џудото, кој традиционално се прославува на 28. октомври – роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано. По овој повод, Џудо федерацијата на Македонија во недела, 28. октомври, ќе организира настан на кој заеднички ќе тренираат и ќе ги претстават своите вештини џудисти од повеќе македонски џудо клубови.

Идејата за заедничкиот настап на џудистите од македонските клубови е во согласност со овогодинешната тема за Светскиот ден на џудото – Пријателство. Иако џудото е боречки спорт, секојдневно, за време на тренинзите, натпреварите, како и секој 28. oктомври, на татамите и надвор од нив, ние џудистите докажуваме дека „џудото е повеќе од спорт“, дека преку џудото е можно да се живее заедно, во единство и пријателство, и што е најважно со почит едни спрема други.

Годинашната тема е само продолжение на кампањите преку кои се промовираат вредностите кои ги носи џудото, како што се чест, истрајност, џудо за сите, почит… Овој ден е посветен на сите љубители на џудото, на тренерите, џудистите, како и на сите оние кои со страст, посветеност и љубов го тренираат и промовираат овој олимписки спорт. Денес, повеќе од 20 милиони луѓе ширум светот секојдневно тренираат џудо, а бројот на оние кои практикуваат џудото во Македонија и во светот постојано се зголемува. Меѓународната Џудо Федерација на Џудо брои 200 земји-членки.

Во духот на годинашната тема, во име на пријателството кое го промовираме, голема чест и особено задоволство ни е да Ве поканиме да бидете дел од заедничкиот тренинг, што ќе им даде дополнителни мотив и поддршка на македонските џудисти, да продолжат напорно и истрајно да тренираат, да ги подобруваат своите резултати и успешно да ја претставуваат Македонија на меѓународните натпревари. Во насока на Вашето вклучување во одбележувањето на Светскиот ден на џудото преку земање активно учество во самиот настан, Џудо федерацијата на Македонија Ве повикува задолжително да го понесeте и Вашето кимоно.

На настанот е предвидено да присуствуваат високи гости од државниот естаблишмент, амбасадори, претставници од бизнис заедницата и останати гости.

Настанот ќе се одржи во спортската сала Македонско сонце, во oсновното училиште „11 Октомври“, општина Центар, Скопје, на 28 октомври 2018 (недела) со почеток во 12 часот.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на настанот најдоцна до 26 Октомври 2018 (петок) на емаил: office@judo.org.mk

Со почит,

Зегљуљ Реџепи
Претседател на Џудо федерација на Македонија