Државно првенство за пионери/пионерки и сениори/сениорки 2019

ПРОПОЗИЦИИ ЗА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА ПИОНЕРИ/КИ

Пријава за пионери

Пријава за пионерки

Изјава на родител

Изјава на клуб

ПРОПОЗИЦИИ ЗА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ/КИ

Пријава за сениори – поединечно

Пријава за сениорки – поединечно

Полагање за појаси во Битола

Во спортската сала на џудо клубот „Пелистер“ од Битола се оддржа полагање за 1 кју кафеав појас и 1 дан црн појас. На полагањето му претходеше состанок на Дан комисијата при Џудо федерацијата на Македонија на кој беа разгледани пристигнатите пријави усвоени доставените кандидатури.

Полагањето за 1 КЈУ кафеав појас успешно го поминаа следниве кандидати:
1. Ангел Ангелов
2. Никола Божиновски
3. Теодора Димеска
4. Марио Цинцароски
5. Јован Најдоски

На полагањето ДАН комисијата додели и осум 1 ДАН црни појаси на следните кандидати:
1. Виктор Иваноски
2. Љубен Андријашевиќ
3. Филип Макаловски
4. Петар Ристески
5. Кристијан Ѓураков
6. Мики Чадамов
7. Амра Фејзула
8. Еди Шерифовски

Џудо федерацијата на Македонија на сите кандидати им честита за успешно положениот испит и им посакува успех во иднина!

Семинар за лиценцирање судии за 2019 година

Чест и задоволство ни е да ве поканиме на семинарот за обновување на лиценци за џудо судии за тековната 2019 година.

Семинарот ќе се одржи во Прилеп, а дополнително ќе бидат доставени програмата , место на одржување и саатница за истиот.

Поканата за семинар се однесува за сите лиценцирани џудо судии и приправници за минатата 2018 година. На семинарот ќе се обновува судиската лиценца за натпреварувачката 2019 година. Постоечки судии со лиценца од 2018 година се должни да уплатат 1.000 денари за обновување на лиценцата. 

Приправниците кои беа евидентирани во 2018 година се должни да уплатат 1.000 денари за продолжување на приправнички стаж и право за полагање во тековната 2019 на наредниот семинар. Уплатата за лиценцирање треба да се изврши на жиро сметка на ЏФМ најдоцна до 18.01.2019 година.

Напомена: Кандидатите со себе да носат копија од извршената уплата. Уплата на лице место не е дозволена и нема да бидат примани финансиски средства на лице место. Уплата треба да се изврши на: Џудо федерација на Македонија – ж-ска: 300000000567389 Комерцијална Банка – Назнака: Судиска комисија – Лиценцирање на судии за 2019

Предавач на семинарот е :
 Томе Јосифоски – IJF континентален судија.

Присуството на семинарот за сите судии од сите категории во  Македонија е задолжително. Судиите кои нема да ја потврдат лиценцата за 2019 година нема да можат да судат на ниеден натпревар организиран под покровителство на Џудо федерацијата на Македонија.

Покана за семинар за лиценцирање на судии 2019

Известување од ДАН комисијата

Согласно усвоениот план и програма за работа на Дан комисијата ве известуваме дека полагањето за 1 КЈУ и 1 ДАН појаси ќе се одржи на 26.01.2019 година (сабота) во 12.00 часот во спортската сала на ЏК „Пелистер“, со адреса на улица „Стевче Патако“ бб – Битола.

1. Пријавите за полагање за 1 КЈУ и 1 ДАН појаси да се испраќаат во електронска форма (пополнета пријава за полагање за 1 КЈУ или 1 ДАН појаси) на адресата на ЏФМ – office@judo.org.mk најдоцна до 23.01.2019 година (среда).

2. Уплатата за полагање за овој вид појаси кандидатите треба да ја извршат на жиро сметка на ЏФМ – најдоцна до 25.01.2019 година (петок).

Напомена: Кандидатите со себе да носат копија од извршената уплата.
Уплата на лице место не е дозволена и нема да бидат примани финансиски средства на лице место.

Уплата за полагање за 1 КЈУ е во висина од 1.500 денари
Уплата за полагање за 1 ДАН е во висина од 3.000 денари
Секој кандидат уплата може да изврши на:
Назив: Џудо федерација на Македонија Ж-ска: 300000000567389 Назнака: Дан комисија – за полагање на појаси

Известување од ДАН – Комисија 10.01.2019

Програма за полагање ДАН

Пријава за полагање ДАН

Програма за полагање KJY

Пријава за полагање KJU

Во Прилеп се полагаше за ученички појаси

Во средата, 26. декември, во техничка организација на џудо клубот „Сеишин “од Прилеп се одржа полагање за ученички појаси .

Џудо клубовите „Сеишин“ и „Гладијатор“ спроведоа заедничко полагање за појаси согласно новата програма и новиот правилник за работа на  Дан комисијата при Џудо федерацијата на Македонија.

Полагањето го спроведе тричлена стручна комисија,  а регуларноста ја следеше претставник од Дан комисиjaта.

Во Кочани се одржа Државното екипно првенство во сениорска конкуренција

Кочани беше домаќин на Државното екипно првенство во џудо за сениори и сениорки што го организираше Џудо федерацијата на Македонија, со техничка поддршка од кочанскиот џудо клуб ”Гладијатор”.

Право на учество на државното превенсвто имаа џудисти и џудистки родени 2003 година и постари, а кои се регистрирани во Федерацијата за оваа година.

Пред почетокот од натпреварот, присутните спортисти и други гости ги поздрави градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој искажа задоволство што општина Кочани за првпат е домаќин на едно џудо првенство од државен ранг, при што упати честитки до организаторите, со надеж дека овој спорт и понатаму ќе напредува во регионот.

На првенството настапија 7 екипи, од кои 4 во машка и три во женска конкуренција, при што апсолутен победник и во двете е ЏК „Миоки“ од Скопје. Второто место го освоија џудистите и џудистките од екипата на „Суперџудо“ од Скопје, а третото место во машка конкуренција го поделија прилепските „Пролетер“ и „Сеишин“, како и домаќинот „Гладијатор“. Во женска конкуренција пак, трети беа џудистките на „Сенсеи“ од Радовиш.

Иако меѓу најмладите во Македонија, ЏК „Гладијатор“ од Кочани се покажа како одличен организатор на Државното првенство, за што признание дојде и од ЏФМ.