Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) на конкурс избра на селектори на репрезентацијата, а довербата да ја води пионерската репрезентација ја доби тренерот на ЏК „Дрим“ од Струга, Ѓорѓија Стојанов.

Ѓорѓија Стојанов е дипломиран професор по физичко образование спорт и здравје, со натпреварувачко и тренерско искуство. Тој  е долгогодишен државен првак и репрезентативец на Македонија, а „Дрим“ под негово раководство, како главен тренер, три години по ред е најуспешен клуб во конкуренција на пионери и помлади пионери во Македонија.

За довербата која што му ја даде Џудо федерацијата на Македонија, Стојанов рече:

Многу сум благодарен за доделената доверба од страна на спортскиот директор и раководството на ЏФМ да ја предводам пионерската репрезентација на Македонија. Џудото е мојата љубов и ја сакам оваа професија. Сигурен сум дека ќе дадам се од себе и со мојата работа ќе успеам да изградам врвни џудисти кој ќе остваруваат врвни спортски резултати и џудо репрезентацијата на Македонија ќе ја издигнам на највисоко ниво со кое сите ќе се гордееме“.