Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт беше одржан координативен состанок по повод „Европската недела на спортот“ која ќе се одржи во втората половина од месец септември. На координативниот состанок присуствуваше претседателот на ЏФМ Зегљуљ Реџепи и стручниот соработник Горан Мицкоски.

Со цел навремено да бидат преземени активности за учество на џудо клубовите и џудо федерацијата во оваа манифестација ви испраќаме распоред со предвидени активности:

Распоред за Европска недела на спортот

Ве молиме во рок од 7 дена да ни испратите информација дали како клубови можете да се вклучите во манифестацијата европска недела на спортот. А во согласност со дадените термини можете да организирате и соодветни активности во вашата општина или вашиот град со претходна најава и координација за истата.

За таа цел ве молиме најдоцна до 10.07.2018 год. да ни испратите информација за вашето вклучување во одбележувањето на европската недела на спортот.

Доколку ви се потребни било какви информации, не двоумете се да комуницирате со нас.