ЏК „Ипон“ – Скопје е победник на Државното екипно првенство во Кочани

Во организација на Џудо федерацијата на Македонија, а со техничка поддршка од џудо клубот „Гладијатор“, денеска во Кочани се одржа државното екипно првенство, на кое учествуваа четири екипи.

Најмногу победи имаа џудистите на ЏК „Ипон“ од Скопје и заслужено ги освоија златните медали и победничкиот пехар. Зад нив се пласираа членивите на ЏК „Сеишин“ од Прилеп, а третото место му припадна на ЏК „Кожувчанка“’ од Кавадарци.

Кочани по втор пат беше домаќин на Државното екипно првенство што го отвори градоначалникопт Николчо Илијев, кој истакна дека иако џудото во овој регион од државата е релативно нова спортска вештина, сепак за краток период бележи брз напредок и кочанските џудисти веќе имаат освено повеќе медали на домашни и меѓународни натпреварувања.

Натпреварувачите на првенството за прв пат настапија според новоусвоениот правилник кој е во согласност со барањата од Меѓународната џудо федерација. Новина е тоа што борбите се одвиваа во мешан состав, односно секоја екипа имаше по тројца натпреварувачи во женска и во машка конкуренција. Секој од нив настапи во посебна тежинска категорија, а ако некоја екипа нема комплетна екипа не може да се натпреварува.

Од раководството на Џудо федерацијата на Македонија оценија дека организацијата на првенството помина во најдобар ред, а Кочани нуди одлични просторни и технички услови за тренинзи и кондициска подготовка на екипите и репрезентацијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *