Реџепи: “Македонија да бара успеси во индивидуалните спортови”

Во четвртокот, на 6 септември во просториите на Олимпискиот комитет на Македонија се одржа работен состанок на претседателот на Џудо федерацијата на Македонија,  Зеглул Реџепи со генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет, Сашо Поповски.

На состанокот се дискутираше за повеќе прашања поврзани со развојот на џудото во Македонија, учеството на македонските џудисти на национални и меѓународни натпревари, а особено за учеството на нашите спортисти на Олимписките игри во Токио 2020 година. Исто така, се разговараше и за проектот “Џудо во училиштата” како една од целите на Џудо федерацијата на Македонија, а со која се предвидува воведување на овој спорт во основните училишта, како дел од предметот физичко образование. Со тоа ќе му се даде поголема важност, а децата подобро ќе се запознаат со џудото, па ќе може да се направи избор или регрутирање на најдобрите таленти.

– Само така може да се постави цврста основа за иднината на овој спорт кај нас, а токму индивидуалните спортови се тие во кои Македонија мора да инвестира и да бара успех на меѓународните натпревари, истакна претседателот на ЏФМ, Реџепи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *