РЕЗУЛТАТИ ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ЗА ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ И КАДЕТИ

Државното првенство за помлади пионери и кадети се одржа на 27 мај во спортската сала на ОУ “Добре Јованоски”  во Прилеп, а во организација на Џудо федерацијата на Македонија и техничка организација на ЏК ,,Сеишин” од Прилеп.

На натпреварот учество пријавија следниве клубови:

  • ЏК “Кожувчанка”– Кавадарци со 4 натпреварувачи,
  • ЏК “Бушидо” – Прилеп со 6 натпреварувачи,
  • ЏК “Чурин” – Битола со 3 натпреварувачи,
  • ЏК “Сеишин” – Прилеп со 14 натпреварувачи
  • ЏК “Пролетер” – Прилеп со 16 натпреварувачи
  • ЏК “Ипон” – Скопје со 2 натпреварувачи
  • ЏК “Пелистер” – Битола со 7 натпреварувачи
  • ЏК “Дрим” – Струга со 6 натпреварувачи
  • ЏК “Преспа” – Ресен со 8 натпреварувачи
  • ЏК “Сенсеи” – Радовиш со 5 натпреварувачи
  • ЏК “Гладијатор” – Кочани со 4 натпреварувачи
  • ЏК “Џудо Парк Академи” – Скопје со 1 натпреварувач
  • ЏК “Мастер” – Прилеп со 6 натпреварувачи
  • ЏК “Работнички” – Скопје со 2 натпреварувачи

На првенството учествуваа 84 натпреварувачи, од кои 27 во женска и 57 во машка конкуренција.  Судии на напреварот беа : Томе Јосифоски, – претседател на судиска комисија, Златко Јолески, Менде Илиоски, Владимир Талески, Никола Велески, Даниел Велески, Бобан Митрески и Семир Авдиќ. Натпреварувачката комисија ја сочинуваа Никола Божиноски – претседател, Дејан Џокоски, Кире Милошески и Александар Миноски – приправник.

Организаторите ги исполнија очекувањата кои се бараа од Џудо федерацијата на Македонија. Имаше обезбедено одлична сала со две борилишта, место за публиката (трибина) и посебни соблекувални, како и редарска служба и доктор. Натпреварите се одвиваа во добар натпреварувачки и спортски дух.

На натпреварот обраќање имаше претседателот на ЏФМ,  Зегљуљ Реџепи, а Државното првенство свечено го отвори градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

На државното првенство судиската комисија работеше по новите правила на
E.J.U и I.J.F и се работеше со новиот (care) систем.

Постигнати се следните резултати по категории:
ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ:

ПОМЛАДИ ПИОНЕРКИ:

КАДЕТИ:

КАДЕТКИ:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *