Во неделата, 30 јуни 2019 година во Битола во организација на Џудо федерацијата (ДАН КОМИСИЈА) и техничка организација на џудо клубот „Пелистер“ се одржа  полагање за Прв КЈУ кафеав појас и црн појас 1 ДАН.

За полагање пријавени беа вкупно 5 кандидати и тоа три за кафеав појас 1 КЈУ и два за Црн појас 1 ДАН. Во прилог се резултатите од спроведеното полагање:
Кафеав појас 1 КЈУ положен прв циклус (ПОТВРДА):
1. Теодора Ристеска

За кафеав Појас 1 КЈУ (ДИПЛОМА) положиле следните канидати:
1. Михаел Конески
2. Тале Трајковски

За црн Појас 1 ДАН  (ДИПЛОМА) положиле следните кандидати:
1. Христијан Рајков
1. Стефан Бојаџиев

Џудо федерацијата и ДАН комисијата им честитаат на сите кандидати и им посакуваат успех во понатамошната работа во своите клубови.

На полагањето му претходеше состанок на ДАН комисијата на која меѓу другото беше дискутиран предлогот за воспоставување соработка на ДАН комисијата со ДАН комисиите од соседството со цел унапредување на работата на комисијата. Исто така беше разговарано и за Семинар за подготовки за полагање на ДАН и 1 КЈУ, со цел доедукација и укажување на евентуалните недоследности на кандидатите.