Известување за преодниот рок за регистрација и пререгистрација

Согласно Програмата за работа и врз основа на Правилникот за регистрација на џудо клубови и натпреварувачи,  Регистрациската комисија при Џудо федерацијата испраќа известување до сите џудо клубови, а со цел да се запазат пропишаните одредби од Правилникот.

Преодниот рок за регистрација и пререгистрација е од 8 јануари до 8 февруари. Комисијата известува дека џудистите треба да се пријавуваат согласно членовите 10-12 од Правилникот и воедно напоменува дека ќе бидат регистрирани само оние џудисти за кои се исполнети условите од наведените членови. Тоа значи дека треба уредно да е поднесена документација за регистрирање/пререгистрирање и навреме да се уплатени средства за истото.

Согласно усвоената Програма за работа на Регистрациската комисија, а со цел за подобрување на прегледноста на базата на податоци од ЏФМ, пријавувањето на џудистите треба да се направи и во ексел листата што е доставена подолу. Доколку клубовите имаат прашања во врска со користењето на табелата, Регистрациската комисија стои на располагање.

Списокот (ексел листата) треба да се достави на електронската адреса на Федерацијата најдоцна до 08.02.2020 година.

Натпреварувачките легитимации, копија од извршена уплата за регистрација, полиса за осигурување и сите пропратни документи да се достават до канцеларијата на Федерацијата најдоцна до 08.02.2020 година.

Сите документи пристигнати по дадениот рок нема да бидат разгледувани, се истакнува од Регистрациската комисија.

Ексел табела за регистрација на членови 2020-2021

Пријава за џудисти

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *