Државно џудо првенство за ветерани и ветеранки

Со цел да се обезбеди поголема промоција на џудото, но и да се искористи целото реноме, знаење и искуство на поранешните македонски џудисти како поддршка и мотив на актуелните и идни џудисти, по прв пат во историјата на Македонија ќе се оддржи државно првенство за ветерани и ветеранки.

Согласно пропозициите на турнирот, ветераните не се обврзани да бидат регистрирани за некој клуб, но задолжително треба да ги достават своите пријави на следната е-маил адреса: office@judo.org.mk при што ќе ги наведат следните генералии:
– име
– презиме
– датум на раѓање
– категорија килограми

Првенството ќе биде од пријателски карактер, а со оглед на фактот што истото не е предвидено во бодовната листа на Џудо федерацијата на Македонија нема да им предизвика никаква штета на било кој од клубовите. Сепак, и покрај пријателскиот карактер, лекарскиот преглед, како и полиса за осигурување од спортски повреди ќе бидат задолжителни за сите учесници.

Право на учество имаат и сите тренери, спортски работници и рекреативци.

Турнирот на кој свој настап, но во официјалниот дел ќе имаат и кадетите и кадетките, ќе се одржи на 14. април, од 10,30 часот, во спортската сала при средното општинско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.

Исто така, еден ден порано, на 13. април во Прилеп ќе се одржи седница на собранието на Џудо федерацијата на Македонија.

ПРОПОЗИЦИИ ЗА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ЗА ВЕТЕРАНИ-КИ 2019

ПРОПОЗИЦИИ ЗА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ-КИ 2019

Пријава за кадетки

Пријава за кадети

Дневен ред на седницата на Собранието на Џудо федерацијата на Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *