На 25 и 26 јануари во Прилеп се одржа стручен семинар за џудо тренери и џудо судии, за обновување на лиценците за натпреварувачката 2020 година.

Организатор на настанот беше Џудо федерацијата на Македонија.

Семинарот го водеа, Светозар Отиќ, интернационален судија и Владан Гачиќ, тренер и интернационален судија, и двајцата од Србија.

На овој семинар учествуваа околу 50 спортски работници – тренери и судии од сите клубови кои се  членки на Федерацијата.